Петар Печков
Објавено: петок, 09 април 2021
Отстранет е проблемот, поради која мониторинг станицата која го покажува квалитетот на воздухот во Велес, една седмица не работеше. Таа беше исклучена од работа на 1-ви април и не работеше до 7-ми април, во кој период не ги покажуваше дневните вредности на ПМ10 честички и на Ѕ02 кои ги мери.
Проблемот бил со климатизерот кој ја регулира потребната работна температура во просторијата каде е опремата, поради што беше исклучен од функција. Службите на Министерството за животна средина, во чија сопственост е мерната станица, дефектот го отстранија завчера, во средата.
Мерната станица за квалитетот на воздухот „Велес 2“ е поставена во дворот на градинката во населба Тунел. Одредени студии доаѓаат до заклучок дека емисиите на издувни гасови влијаат и врз стапката на смртност од коронавирус.
Tweet |