Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 јануари 2020
Неколку стотина деца, денес понеделник на Бадник минеа по улиците на Велес и ја пееја песната ,,Вечниот Бог,,.
Ова е четврта година по ред како се организира Бадникова поворка, во која мноштво дечиња, пеејќи ја Божикната (Бадниковата) песна Вечниот Бог, се движеа по улиците на новиот дел од градот.
Поворката тргна од храмот Св. Кирил и Методиј по светата Божествена Литургија, се движеше по улиците Благој Ѓорев, Борис Трајковски, Кумановска.
Владиката Агатангел Митрополит на Повардарската Епархија на МПЦ-ОА ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња.
Tweet |