Петар Печков
Објавено: сабота, 16 јули 2011
Во реката Бабуна денес се изврши групно крштевање на дваесетина верници. Ова е четврти таков чин на Повардарската епархија со кој на вакво начин се предаде светата тајна - крштевањето. Ако изминатите години имаше по стотина лица кои беа крстени, годинава бројката е осетно намалена.
Овој чин е влез во црквата, за да може потоа секој човек да ги ползува сите световни моменти. Овие верници денес добија закрилник - ангел чувар кој ќе ги пази во нивниот живот. Бројката годинава се намали бидејќи се помалку има некрстени во општината, но таа традиција ќе продолжи и наредната година, за секој кој не е крстен да може да пристапи кон Христовата вера -изјави Ристе Јанушев протојереј свештеник од велешкото намесништво на Повардарската Епархија на МПЦ.
Најмладиот учесник имаше 3 години,а освен од Велес имаше и верници кои се крстија од Штип, Неготино, Кавадарци.
Tweet |