речник контакт

По шести пат се искачуваше на Клепа, во чест на Калина и Александар (фото)

Имаше околу 400 учесници. Во наредниот период ќе се засадат 400 садници багреми.

Петар Печков

Повеќе од 400 учесници беа дел од шесто меморијално искачување на Клепа во чест на трагично загинатите Калина и Александар. Освен од Македонија имаше учесници од Србија и Австралија.

Организатори беа СПЕД Клепа од Росоман, ЕГ Грин Пауер и ПСК Азот од Велес и градоначалниците на Росоман и Градско.

„Целта на акцијата е да се промовира малку качуваниот врв Клепа, и да се манифестира заедничка соработка помеѓу планинарските клубови и друштва Фала на сите што дојдоа и го продолжија духот и традицијата на оваа прекрасна манифестација“- за заблагодарија организаторите кон учесниците.

За сите учесници беше  обезбеден бесплатен ручек, пијалок и десерт во конаците на манастирот Св. Архангел во близина на село Горно Чичево.

Во чест на прерано заминатите Калина и Александар, и оваа година на дел од патекатаќе бидат засадени повеќегодишни  листопадни садници обезбедени од ЈП "Национални Шуми". Во наредниот период ќе се засадат  400 садници на багреми. Должината на патеката е околу 20 км. со висинска разлика од 880 метри.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »