Петар Печков
Објавено: четврток, 21 септември 2023
Под мотото „Акции за мир: Нашите амбиција за глобални цели“ во Велес се одржа „Парадата на мирот“ во организација на „Првата детска амбасада Меѓаши“ и Гимназијата „Кочо Рацин“. Таа годинава беше 10 по ред. Во Велес учествуваа неколку стотина гимназијалци со пароли кои повикуваат на мир, толку потребен на младите за нивен развој и живот.
„Учениците, професорите, сите на свои начин ја организираме и одржуваме оваа парада. Целта ни е да јa запознаеме јавноста од потребата за мир, и во светот и кај секој од нас, во срцата во душите“ - кажа професорката Магдалена Сарагинова.
Најстарата гимназија во Македонија, велешката, е единствена во земјава која ги има организирани сите десет досегашни „Паради на мирот“. Тие се движеа по улиците Благој Ѓорев и Алексо Демниевски Бауман, па низ Младински парк и назад во Гимназија.
Tweet |