речник контакт

По 15-ти пат ФАД Стоби

Учествуваат девет престави, седум во конкуренција за награди, започнува сабота

Петар Печков

Од сабота 17-ти  до понеделник 26-ти септември, ќе бидат прикажани девет  претстави,  кои ја сочинуваат  програмата од Фестивалот на Античка  драма ,,Стоби,,.  

Тој годинава се одржува по 15-ти пат, и  втор пат по ред во зградат ана велешки театар. Причина што и  годинава се отсуства од автентичниот амбиент на  локалитетот  ,,Стоби,, е што таму на театарот се изведуваа реконструкција и реставрација. 

Годинава нудиме најобемна програма до сега, девет претстави, од кои две се надвор од конкуренција а една е во оф програмата.   Содржината  е збиена во девет фестивалски вечери. Имаме една специјално подготвена за затворањето на  фестивалот една премиера исто така – најави Зоран  Љутков претседател  на  Здружението ФАД Стоби, кое  како  делегирана  надлежност  од  Општина Велес, ја  има  добиено организацијата на  Фестивалот.  

Тој се  отвора  в сабота  се  отвора со претставата ,,Медеја,, продукција   на  ФАД Стоби а уште една нивна претстава ќе биде во натпреварувачка конкуренција, тоа е ,,Жените во подземјето,,. Со нивна претстава именувана  ,,Тесната, бесната и лесната,, ќе биде затворен фестивалот.  

На програмата се ,,Парламентарки,, на охридски театар и ,,Антигона и Кронт,, премиера на  Театар Цветко и  Кино култура.    Гостувањата  од странство се од Театарот на  Западен Казахстан со  ,,Тројанки,,  српската ,,Херостат,, на нишкиот театар  и  бугарската ,, Медеја , мајка ми,, на Сфумато театарот  од Софија,  кој пред  две години гостуваше на Импакт фестивалот.

Во оф  програма  и надвор  од    конкуренција ќе  биде прикажана ,,Животот е магичен круг,, на    студентите  во класата на  Мето Јовановски,  од трета година на ЕСРА.   Новина е што годинава се воведува тркалезна маса, наречена ,,античка  плоча,, каде учесниците, критичари и  публиката  ќе дебатираат за претставата, на која  модератор е Сашо Димоски.

Годинава на фестивалот имаме претстави кои се правени по современи варијанти  на антички   текстови.  Тоа се антички митови  од  стара  Грција и ги реактуелизира во  современоста и како  тие  функционираат во  денешнината – рече  Димоски.    

Жирито годинава    е во состав : Атила Клинче, Дејан Дамјановски и  Катерина Коцевска, кои ќе  одлучат  за наградите   ,,Афродита,, за   најдобра  претстава,  режија, машка и  женска  улога.  На прашањето  дали  е  етички претстави  во продукција  на   Фестивалот, да  се дел  од  натпреварувачката конкуренција, за награди одговори Васил Зафирчев, дел од организациониот  одбор.   

Претставите  се натпреварат естетички, не продукциски. И јас и  колегата Љутков,  како дел   од организацијата,  претходните години се  имаме  изземено кога  со  наши улоги, сме учествувале на  фестивалот  - рече  Зафирчев.   Фестивалот е финансиран со по 1,2 милиони денари од Општина Велес  и од Министерството а култура. Билетите  се по цена  од  100 денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »