речник контакт

По 5,5 часови шоферот на камионот изваден од кабината

Пожарникарите со раце го ваделе телото на Унгарецот

Петар Печков

По петипол часовни напори велешките пожарникари усепале да ги озвадат телото на починатиот возач, од камионот кој завчера ноќ падна во провалија висока 20 метри.

Бидејќи мостот кај Дурутовец , од каде излетал,не можел да го издржи кранот кој требало да го крене камионот а тој на жеелзница  не можел да достигне од пругата, која била на 30-тина метри одалеченост, одлучено било дека ќе се вади  рачно. Како што е и вообичаено за вакви случаи, единствено обучени се пожарникарите, па така шестмина припадници на ППЕ од Велес им била дадена задача да го извдат телото од здробената кабина.

Ним им асистирале и тројца вработени од ЈП Македонија пат и исто толку вработени од ,,Делта пром,,. Оваа задача траела 5,5 часа од 14 до 19,30 ч.   Од СВР Велес потврдија дека починатиот возач е изваден од кабината на камионот марка сканија и по барање на обвинителството е однесен на обдукција.

Полицијата не го открива идентитетот на возачот, единстено дека е унгарски државјанин. Тој превезувал  компот  од кајсии од Грција за Унгарија, кога  од засега непознати причини излетал од мостот вторникот ноќта во 1,40 и паднал во провалија висока 20 м. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »