речник контакт

Празнично одземени два автомобили и два мотоцикли

Во два случаи лицето немало возачка дозвола, во други два имал забрана за управување автомобил ама едениот возел пребрзо од дозволеното. Од сообраќајниот билтен на СВР Велес

Петар Печков

На 8 септември во 12:00 часот на автопатот Велес - Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.М.(32 год) од Скопје. При контрола со радар кај клучка Караслари било сопрено патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.М. со брзина од 121 километар на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал со активна забрана за управување возило од Б категорија. По насоки од јавен обвинител С.М. бил приведен во полициска станица, возилото било одземено.

На 8 септември  во 17:35 часот во Велес, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишија од слобода Т.Т.(62 год) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Димитар Влахов“ во Велес бил сопрен мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.Т., и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал без да поседува возачка дозвола. По насоки од јавен обвинител Т.Т. бил приведен во полициска станица, мотоциклот бил одземен.

На 8 септември  во 19:10 часот на регионален пат Велес - Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Г.П.(42 год) од Скопје. При сообраќајна контрола кај место викано „Венуле“ било сопрено патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под активна забрана за управување со моторно возило. По насоки од јавен обвинител Г.П. бил приведен во полициска станица, возилото било одземено.

На 8 септември  во 19:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Б.А.(36 год) од село Мелница, општина Чашка. При сообраќајна контрола во село Мелница бил сопрен мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Б.А. и попреземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител Б.А. бил приведен во полициска станица, мотоциклот бил одземен.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »