Петар Печков
Објавено: вторник, 03 февруари 2026
Реализирана е првата годинашна крводарителска акција во Велс. Се одржа во неделата, во просториите на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Ако по утрото денот се познава, велешани имаа висок интерес за оваа прва акција и собрани се рекордни крвни единици за прва акција во однос на изминатите години.
„Крводарителите од Велес на првата крводарителска акција во 2026 година донираа вкупно 104 крвни единици, од нив шест првократни, продолжувајќи ја својата хуманост и посветеност и во новата година.“ – соопштија на ФБ од велешкиот Црвен Крст.
Во ланската акција беа собрани 32 крвни единици.
Акцијата заеднички ја реализирана од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, со поддршка од Театар „Џинот“.
Од велешки Црен крст соопштија дека во текот на 2025 година собрани се вкупно 3.802 крвни единици со што годишниот план од 1860 крвни единици е остварен со 204.40%. На терен се изведени вкупно 28 акции за доброволно дарување крв на кои се собрани 1.568 крвни единици, додека преостанатите 2.234 дарувања се собрани во одделението за трансфузиона медицина во Велес. Во 2025 година најуспешни крводарителски акции се двете акции кои се организирани со поддршка на Мото клубот „Носачи на крстот“ на кои се собрани вкупно 383 крвни единици, крводарителските акции во Општина Градско каде се даруваа 395 единици.
фото ФБ ОО Црвен крст Велес
| Tweet |




