речник контакт

Првата радост во новото првенство, на ФК Борец со голот на Манасиев, во судиското продолжениe

ФК БОРЕЦ - ФК ТИКВЕШ 2:1 (0:0)

Петар Печков

Со голот на Јосиф Манасиев во судиското надополнување, во 93-тата минута  фудбалерите на ФК Борец ја забележаа првата победа во новото првенство. На домашен терен, во соседското дерби,  го совлада ФК Тиквеш од Кавадарци. Голеам радост и за фудбалерите но и за навивачите, кои по година и половина се вратија нa стадионот во Велес. 

Првото полувреме мина без голови, но со гол шанса за велешани преку Љума во  31-ва минута, но без реализација.  На отворањето на второто полувреме Ѓоргиев во 52-ра минута  постиган гол за ФК Борец а радоста на домашните траеше кратко, откако во 56-та Вареловски во врати Тиквеш во игра со израмнувачкиот гол.  

По ова втор коло, ФК Борец  со една победа и еден пораз се најде на петтото место со три бода. во следното коло, в среда, гостува на ФК Ренова, која има четири бода. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »