Петар Печков
Објавено: недела, 09 октомври 2022
Фудбалерите на ФК Борец за десетина минути игра го пропуштија освојувањето на првиот бод во Втората лига. Во 7 коло, дома загубија од екипата на ФК Охрид со 1:2 иако полувремето го добија со 1:0.Решавачкито гол за трите бода охриѓани го постигнаа во 84 минута. По ова 7 коло ФК Борец остана последен без ниту еден освоен бод. Во следното коло, во следниот викенд тие гостуваат во Радовиш на екипата на ФК Детонит Плачковица, која е 4-то пласирана со 13 бода.
Во 6 коло од Трета фудбалска лига победа и реми, за екипите од ОФС Велес и двете играа дома.
Во Превалец уверлива победа за домаќинот, ФК Превалец - ФК Младост од прилепско Кривогаштани 7:1, полувреме (2:0). Во комшиското дерби во Градско ФК Локомотива - ФК Росоман 1 : 1 (1 : 0).
По ова коло ФК Превалец се искачи на 4-тото место со 13 бода а ФК Локомотива е 8 со осум бодови. Во следното коло, следниот викенд ФК Превалец гостува во прилепско Канатларци, кај истоимениот тим, кој е 9-ти со два бода, додека ФК Локомотива исто така во прилепско, но во село Лажани, кај екипата на ФК Слога 1976 која е шестта со 11 бода.
Tweet |