Петар Печков
Објавено: вторник, 13 август 2019
Седумдесет и четири крвни единици беа собрани, на првиот ден од големата летна крводарителкса акција. Поголем дел од дарителите, 64 се од машки пол, останатите 10 беа жени. Околу 15-мина лица беа вратени. Четворица за прв пат даруваа и официјално станаа дел од најхуманото семејство. Акцијата 26-та по ред, се одвиваше во терминот од 7,30 до 14,30 ч. во просториите на велешкиот театар
Летната крводарителска акција продолжува и утре, ма исто место во театар Џинот. Акцијата е во организација на Општинскиот црвен крст и Институтот за трансфузиологија од Скопје.
На ланската акција во двата дена беа собрани 121 крвна единица а првиот ден беа собрани 61 или помалку од годинава.
Tweet |