Петар Печков
Објавено: среда, 21 август 2013
Традиционалната 20-та по ред крводарителска акција која се одржува во Велес, во првиот ден се собраа 173 крвни единици. Таа се одржува во фоајето од салата Бели Мугри. И овој пат велешани покажаа голема хуманост и несебично ја подадоа раката за да подарат од драгоцената течност.
На овие летни горештини собравме 173 крни единици, тоа е одлична количини. Крводарителите до градот, пред се младите покажуваа висока степен на хуманост што може да радува, бидејќи крводарителството има иднина – изјавија од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, кој заедно со Општинската организација на Црвениот крст го организира оваа летна акција. Таа продолжува и утре, на истото место.
Tweet |