Петар Печков
Објавено: среда, 26 мај 2021
Првиот ден од масовната вакцинација во Велес, се одѕвале 311 лица од 400 граѓани кои имале термин. Денес пунктот работи во терминот од 8 до 16ч.
И денес работиме во вакцини на „АстраЗенека“.Денес покана за вакцинација имаат 600 лица. Во Здравствен дом продолжува ревакцинацијата, денес треба да ја примат втората доза 94 граѓани. Тие ќе бидат вакцинирани со „Синофарм“ како и со првата доза - соопшти д-р Марина Тодоровска, координатор на пунктот за масовна вакцинација во Велес.
Тој се наоѓа во спортската сала на училиштето „Коле Неделковски“.
Tweet |