Петар Печков
Објавено: вторник, 18 август 2015
Општинската организација на Црвен крст Велес, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје годинава по дваесет и втори пат, ја организира традиционалната летна ,,СОЛИДАРНА АКЦИЈА ЗА ДОБРОВОЛНО ДАРУВАЊЕ КРВ,, .
По првиот ден собрани се 106 крвни единици, информираа од велешкиот Црвен крст. Акцијата продолжува и утре, среда. Се одржува во фоајето на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од 7:30 до 14 часот.
Бидејќи имаше дури 9 лежалки, каде се дарува крв, немаше воопшто гужва и чекање и сите заинтересирани бргу го напуштаа просторот. За сите крводарители има подарок. Крвта е незаменлив лек - таа спасува човечки живот, потсетуваат од Црвениот крст.
Ова е една од поголемите крводарителски акции во земјава.
Tweet |