Петар Печков
Објавено: вторник, 21 март 2017
Се одигра 17-тото коло од Третата лига Југ, каде се натпреваруваат три велешки екипи.
Превалец, кој оваа пролет беше во подем, се сопна во Гевгелија. Во дербито во Гевгелија, против лидерот Кожуф е поразен со 1:0. Борец победи со 1:0 во прилепско Големо Коњари против истоимената екипа, која е 12-та на табелата. По три порази, победа за младиот велешки лигаш Гемиџии, кој дома на Градски славеше со уверливи 3:0 против екипата на Росоман, која е претпоследна на табелата.
По ова коло Борец е втор со 38 бода, Превалец остана четврти со 32 бода и заостана четири бода зад Победа Валандово и третото место кое води во Втора лига, Гемиџии се и натаму шести со 26 бодови.
Во следното коло велешко дерби Превалец против Гемиџии а Борец дома го пречекува Питу Гули од Крушево кој е 8-ми со 20 бодови.
Tweet |