речник контакт

Превалец со победа над Илинден остана во Третата лига

Од есен таму ќе игра и Борец, заедно со Бабуна од Мартолци и евентуално првакот на ОФЛ ако го мине баражот

Петар Печков

Последното коло од Третата лига југ донесе возбудувања за велешките екипи кои  настапуваат во овој ранг.  Превалец играше дери натпревар за  опстанок во Башино село, против Илинден. 

Со победата од 2:1 на ова гостување превалчани се пласираа како 7-ми и во последен момент го обезбедија опстанокот, надминувајќи ја екипата на Младост од Удово.  Илинден од Башино село кој оваа пролет играше слабо, на крај го зазеде 10-тото место и од есен ќе игра во Општинска фудбалска лига.

Во овој ранг останува екипата на Бабуна од Мартолци која на крај беше втора а во последното коло со 6:3 славеше над партизан од Обршани. Првак во оваа конкуренција  е Вардар од Неготино кој со еден поен предност сигна до оваа позиција. Тој ќе игра бараж за пополнување за Втората лига.

Во трета лига од есен ќе игра и велешки Борец и првакот на Општинска фудбалска лига, кој преку бараж ќе треба да стигне до оваа  конкуренција.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »