Петар Печков
Објавено: недела, 11 ноември 2018
Превезувајќи итен случај, на дете кое добило изгореници, возило на велешката Болница удрило во стадо од диви свињи, при што лицето од придружба било повредено, соопштија од СВР Велес. Инциденот се случил во петокот навечер.
Петокот попладне на хируршко оддление е донесено единаесет годишно дете од село Кочилари-велешко кое имало изгореници по телото, а ги добило во својот дом. Во животно загрозувачка состојба е препратено на Пластична хирургија во Скопје - рече Марина Андвоа портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес. Пренесувајчи го детето како итен случај за Скопје возилото налетало на стадо од диви свињи кое минело на автопат, при што возилото удрило во една од нив и е оштетено.
На автопатот Скопје - Велес, на место викано .„Ајдучка чешма“, А.П.(48) од Велес управувајќи возило на Итна медицинска помош, сопственост на Општата болница во Велес, удрил во животно. Сопатничката Б.Д.(52) од Велес била пренесена во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош - информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Во велешкиот суд има бројни пресуди за оштета на возачи, кои удриле во куче, крава кои се движеле по автопат.
Tweet |