Петар Печков
Објавено: петок, 13 јануари 2023
Денес на неколку локации во Велес, беше реализирана превентивната активност под мотото „И јас и ти сме пешаци, безбедноста на прво место“. Неа ја реализираа отсекот за превенција при СВР Велес и Полициска Станица за безбедноста во патен сообраќај Велес
„Цела на активноста е подигнувањето на ниво сообраќајната култура кај учесниците, како кај возачите така и кај пешаците. Тоа треба да резултира со намалување на бројот на жртвите во сообраќајни незгоди“ - кажа Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
На учесниците во сообраќајот им се делеше превентивно едукативен материјал. Досега за подигнување на сообраќајната култура реализирани се неколку превентивни активности како што се „Стави појас додека возиш“, „Алкохолот и воланот се лоша комбинација“,Не користи мобилен додека возиш“.
„За да имаме видливи резултати во безбедноста во сообраќајот, покрај овие кампањи, потребно е учесниците доследно да ги почитуваат сообраќајните знаци, и сообраќајните правила и прописи. Да не се занемаруваат ризиците при учеството во сообраќајот, да ги сочуваме нашите деца“ - дополни Самарџиев.
Tweet |