Петар Печков
Објавено: петок, 28 април 2023
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската станица од општа надлежност Велес во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска (28.04.) во Велес реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот под мотото - „И јас и ти сме пешаци“.
„Целта на превентивната активност беше зголемување на безбедноста на сообраќајот, со посебен акцент кон пешаците“ - соопштија од МВР.
Притоа, на граѓаните им беа делени едукативно информативни печатени материјали, изработени со поддршка од РСБСП.
Tweet |