речник контакт

Превентивна сообраќајна активност во Велес „Носи кацига, вози внимателно“ (фото)

Целта на активноста била зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот. Реализирана е со МК „Носачи на крстот“

Петар Печков

На неколку локации во Велес, денес сабота беше реализирана превентивна сообраќајна активност под мото „Носи кацига, вози внимателно“.Се спроведоа  полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициска станица за безбедност во патниот сообраќај Велес.,при СВР Велес, заедно со претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и мото клуб „Носачи на крстот“ од Велес,

„Целта на активноста беше зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, со акцент на безбедноста на возачите на мопеди и мотоцикли. На возачите им беше укажувано на обврската за задолжително носење заштитен шлем, како за нив, така и за сопатниците. Преку заеднички пристап, особено кај младите возачи, членовите на мото клубот споделуваа искуства за безбедно возење и ја истакнаа личната одговорност на секој учесник во сообраќајот“ – соопштија од МВР.

Во рамки на активноста беше поделен и едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност – Скопје.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »