речник контакт

Превентивни активности за едуцирање на граѓаните на Велес , Чашка и Градско

Темите биле родово базирано насилство, заштита од шумските пожари, почитување на сообраќајни правила и прописи и заштита од различни видови и форми на кражби

Петар Печков

Изминатите денови реализирани се шест  превентивни активности три  во Велес на тема „Не биди нем сведок“, „Вози совесно, вози одговорно“, „Обезбеди го својот дом“, две  во Чашка  „Пламените јазици се незапирливи“ и „Не биди нем сведок“ и една во неколку велешки села  „Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме нашите шуми од бесправни сечи“.

„Со цел превентивно да се дејствува во спречувањето на појавата на секој вид родово базирано насилство, објаснети се постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој.  На возачите им се кажа  за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. На граѓаните им беше укажано за потребата од поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Активноста посебно беше насочена кон повозрасната популација, која е почеста мета на разни видови на имотни деликти, потенцирајќи им добро да ги заштитат своите домови, да внимаваат на своите лични предмети и да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица“ – соопштија од МВР. 

Акциите се реализирани од  полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и  полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес.  

Во Чашка биле реализирани две активности  „Пламените јазици се незапирливи“ и „Не биди нем сведок“.

„За пожарите беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи. Со цел превентивно да се дејствува во спречувањето на појавата на секој вид родово базирано насилство, објаснување на постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство“ – информираа од МВР.

Акциите се реализирани од  полициски службеници од Полициското одделение Чашка. Во рамки на превентивните активности бил поделен печатен едукативен материјал.

Во повеќе села на подрачјата на општините Велес и Градско, заедно со претставници од Шумска полиција реализирани се  превентивни активности на теми пожари. 

„На граѓаните им беше потенцирано дека потребна е континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично со цел брза и навремена реакција. Целта на активноста е да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните“ – порачаа од МВР. 

Фото МВР 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »