речник контакт

Превентивни активности на СВР Велес за спречување на употреба на пиротехнички средства

Kампањата „Без пиротехника за побезбедни празници”, за учениците од осмо и деветто одделение во основните училишта „Панко Брашнаров“ и „Васил Главинов“ во Велес

Петар Печков

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со медицинско лице од ЈЗУ Општа болница Велес, реализираа превентивно- едукативна активност во рамките на кампањата „Без пиротехника за побезбедни празници”, за учениците од осмо и деветто одделение во основните училишта „Панко Брашнаров“ и „Васил Главинов“ во Велес. 

„На предавањата беше укажано дека употребата на пиротехнички средства претставува опасен ризик по здравјето, особено кај децата и може да предизвика тешки и трајни повреди и последици по здравјето. Исто така, беше потенцирано дека продажбата и употребата на пиротехнички средства е законски строго регулирана и за прекршителите на мерките се предвидени казни“ – соопшија МВР.

Целта на едукативните предавања е да се подигне свеста за опасностите од користењето на пиротехнички средства во пресрет на новогодишните празници.

 фото МВР

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »