речник контакт

Превентивни активности на СВР Велес за заштита од имотни деликти

Активноста била насочена кон повозрасната популација, која е честа мета на разни видови на измами и кражби

Петар Печков


Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, реализирале  превентивно - едукативни активности за заштита од имотни деликти и измами на теми „Заштити го својот дом“, „Џебни кражби“ и „Измами“. 

„На граѓаните им беше укажано за потребата од поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби и измами. Активноста посебно беше насочена кон повозрасната популација, која е почеста мета на разни видови на имотни деликти, потенцирајќи им добро да ги заштитат своите домови, да внимаваат на своите лични предмети и да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица за да не дозволат да бидат жртви на кражби и измами“ – соопштија од МВР.

 фото МВР

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »