Петар Печков
Објавено: петок, 30 октомври 2026
Проценките се дека една до 12 жени во Македонија до 75 годишна возраст може да заболи од рак на дојка. Возрасната градница од 65 до 75 години се симна на 35 години. Ова кога кажа д-р Гордана Ѓорчева Камчева радиолог од Општа болница Кавадарци, која учествуваше на трибина за ракот на дојката во„ Розевиот месец октомври“, организирана од велешката болница, со цел подигнување на свеста кај жените за заштита.
„Жените на возраст од 35 години треба да започнат со самопреглед или со ехо, за на 40 да одат и на мамографија. Ракот на дојка започнува со неконтролирано растење на клетките и се формира тој малиген тумор. Во рана фаза не предизвикува болки и затоа дел од жените не реагираат, не одат на лекар. Женскиот пол е повеќе изложен на рак на дојка, кај мажите само едне отсто, семејната предиспозиција има главна улога, но и долгата употреба на хормонска контрацепција. Потоа стресот, долго конзурмирање алкохил, пушењето, конзумирање брза храна, гојазноста. Еден од знаците за појава на рак на дојка е повлекувањето на брадавицата од дојката“- рече д-р Ѓорчева Камчева.
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, каде таа работи, преку Одделот за радиологија, годинава за октомври – месец посветен на женското здравје, обезбеди 150 бесплатни скрининг мамографии. Прегледите се наменети за жени од општините Кавадарци и Росоман, на возраст од 40 до 80 години, кои немаат направено мамографија во последните две години и немаат закажано преглед преку Кабинетот за дојка.
Наспроти нејзиното инстистирање дека за жените над 40 години е потребен превентивен преглед на мамографија, во пракса во Велес жените чекаат по два и повеќе месеци за термин. Тие имаат желба за преглед на мамограф, но немаат можност поради немање термин и долгото чекање. Ова го потврди и матична докторка од Кавадрци, присутна на трибината во Велес.
„Имаме проблем со пациентките кои не се дијагностицирани, кои се асипмтопатски. Тие чекаат долго, се чека и по шест -седум месеци. Имаме различни групи за закажување, кај нас во Кавадарци тие што се излекувани а за контрола брзо добиваат термин“ – кажа докторката.
Пациентките од Велес што веќе се излекувале и потребна им е редовна контрола се судруваат со истиот проблем. Присутна на трибината, вработена во велешка болница, го посочи токму тоа.
„Тринаесет години живеам по операцијата, чекам два месеци од август за контрола за мамографија, регуларно да си оди како што е редот, иако сум тука вработена. А термин немам иако сум приавјена преку матичен лекар, немам никави олеснувања иако се оперирав“ – рече поранешната пациентка.
„Одобрувањето на термините не зависи од матичниот доктор или радиологот. Системот „Мој термин“ е тој кој ги прераспределува жените по кабинетите за преглед. Очекувам дека тоа ќе се надмине и секоја жена ќе има најбрз термин. Во однос на слуачјот со излекуваната пациентка, расрпеделбата на термините ја прави болницата. Мене ми се случи да имам такви термини но да немам пациентки кои се пријавија за преглед“ - посочи д-р Ѓорчева Камчева.
„Кога ќе се констатира дела туморот е малиген, тогаш се разговара за начинот на операција радикална со отстранување на цела дојка или ќе се отстрани парчето тумор“ – рече хирургот д-р Петар Ставревски
„Нешто што е излечиво во малигната патологија, тоа е карциномот на дојка, тоа го покажува праксата и светските искуства. Најважното е раното откривање и самопрегледот. Да го споделам случајот со жена од Велес, лани летото на возраст од 75 до 80 години. Нејзе и починала ќерката и таа не сакаше повеќе да живее. Кога го откривме туморот беше тежок 5 кг на лева дојка. Свесно го занемарила сопствениот проблем. Со долги разговори ја убедивме, го извадивме туморот тука во нашата болница и денес таа е жива“ – раскажа хирургот д-р Петре Кодовски.
Во велешката болница се врши врши преглед на жени на мамограф. Дел од нив се од Кавадарци, Неготино.
„Во кабинет за дојка се зкажуваат по 18 прегледи неделно, во деновите вторник, среда и четврток. Зголемен е бројот на пациенти кои доаѓаат Кавадарци и Неготино. Ехо на дојка се реализира во болницата Св. Наум Охридски во Скопје“ – соопштија од ЈЗУ Општа болница Велес.
| Tweet |





