Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 мај 2026
Полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициска станица за безбедност во патниот сообраќај Велес, на неколку локации во Велес, реализираа сообраќајна превентивна активност со цел подигање на степенот на сообраќајна култура.
„Посебен акцент беше ставен на потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот“ – соопштија од МВР.
Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.
фото МВР
| Tweet |




