речник контакт

Предизборието го сопре издавањето под наем на Малото пазарче во Населба

Антикорупциска ќе одговори дали може да се издава просторот во овој период на предизбори

Петар Печков

Најавеното   издавање на дел до просторот од Пазарот во Нова Населба  кој требаше да  биде понуден на јавно наддавање за користење на одреден период нема да се случи. На последната седница на Советот оваа точка е симната од дневен ред, поради можниот судир на интереси оти е период на пред избори. 

Претходно  со одлука на Управниот одбор на ЈКП Дервен   беше предвидено да се издава просторот  од 500 м2  со јавна лицитација по почетна цена од 100 денари за квадрат, за изградба на супермаркет а за возврат корисникот ќе имаше обврска да го санира кровот, поради кој  Пазарот  е  малку користен.

Од 200 тезги се користат само 35 и поголем дел до него е затворен за употреба. Велешани кои купуваат од ова пазарче,  како и продавачите кои тука ги нудат нивните производи, често реагираа на лошите услови, кровот кој прокиснува.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »