речник контакт

Предновогодишно потсетување „Вози одговорно, патувај безбедно“

3а време на празниците доколку нема потреба да не ce користат возилата

Петар Печков

Полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, предновогодишно на неколку локации во Велес реализираа сообраќајна превентивна активност под мотото „Вози одговорно, патувај безбедно“.

„На возачите им беше укажано за обврската за почитување на законските правила и прописи, да не управуваат возило под дејство на алкохол, да ја почитуваат брзината на движење, а за време на празниците доколку немаат потреба да не ги користат возилата“ - соопштија од МВР.

Во рамки на активноста беше поделен печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »