Петар Печков
Објавено: четврток, 03 декември 2015
Од 10,30 до 12,30 часот дел од судската администрација одржа предупредувачки протест пред зграда на Основен суд Велес.
Дактилографите, стручните соработници, административците не работеа. Ова е нивна реакција по Законот за судска служба, кој е донесен во февруари годинава и како што нагласуваат, крајно е штетен и демотивирачки за вработените во судската служба.
И додека дел од администрација протестираше, дел од нив беа во судниците. Нагласија дека работата по судските предмети се одвива непречено, и службениците кои се ангажирани на одредени дела, останале во судниците во периодот, додека трае протестот.
Штрајкот е во организација на Здружението на судската администрација и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ).
Tweet |