Петар Печков
Објавено: четврток, 21 септември 2017
На денешното рочиште во Основен суд Велес, за убиството во село Ореше се појави документ од полиграфското вештачење врз сведокот Златко Арсов од 2007-тата година. Или две години по убиството на Лазо Милошевски , кое се случи на 2-ти декември 2005-тата а една пред тој да стане заштитен сведок ,,Бреза,,. .
Пред судот зборуваше Мирајнчо Атанасовски од МВР кој тогаш ги извршил полиграфските вештачења врз Арсовски во 2007-та и според заклучокот Златко ја зборувал вистината и негативно одговорил на сите поставени прашања. Поставените прашања биле ,,Дали знае нешто за убиството во село Ореше,, Дали ги познава сторителите,, Дали знае колку истели имало и од кое оружје,, . Одговорите биле негативни.
Ова полигрфаско тестирање досега го немаше во предметот иако органите кои постапуваат по предметот, требаше да го обезбедат и достават до судот за тој да може да ја утврди материјалната вистина во предметот. Го добив од анонимен извор, доставувач и го презентирав до Судот. Одговори за овој документ даваше полиграфистот кој своевремено го извршил. Од неговиот исказ излезе дека имаме три полиграфски тестирања над Златко Арсов. Очекуваме д а го видиме и го побравме третото полгирафското вештачење кое е извршено над него а го нема во предметот, оти тоа од 2005-тата не е спроведено поради здравствени причини над Арсов. Ова полиграфско тестирање кое денес се работеше е побарано од МВР-СВР Велес, третото не знаеме кој го порачал, но вештакот потврди дека има. Разврската ја очекуваме на 1-ви ноември – изјави адвокатот Коста Нојков, бранител на обвинетиот Ѓоре Петровски.
Тој како нарачател за 20 илјади долари и браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски како извршители, според обвинението се обвинети за убиството на Лазо Милошевски (71 год). За девет години има четири пресуди по овој предмет, една ослободителна и три осудителни.
Tweet |