Петар Печков
Објавено: петок, 29 декември 2023
Пред новогодишно матичарите во Велес, со полни раце работа, зголемен е бројот на регистрации во градот.
Според бројките на Управата за водење на матична евиденција во декември имало 28 нови склопени бракови, што е повеќе од претходниот месец.
Од овие 28 склопени брака, 12 биле последните денови, по враќањето на граѓани родени во Велес, од нивниот престој во земјите на Западна Европа. Минатиот викенд имало пет склучени брака, исто толку и во средата.
Првиот брак за в година во Управата е закажан веќе на 2 јануари.
Tweet |