Петар Печков
Објавено: вторник, 14 октомври 2025
Xортикултурно се уредија училишните дворови на подрачните училишта „Лирија“ во Горно Врановци и „ Петре Поп Арсов“ во Извор. Оваа активност беше на Организација на жените на Општина Велес, која ги реализираше преку проектот „Руралните убавини во Чашка“ финансиски поддржан од Министерство за животна средина.
„Во училиштниот двор во Извор се постави модерен пластеник со должина од седум метри, широчина пет метри и систем капка по капка. Пластеникот директно ќе придонесе во подобрување на наставата по природа, биологија како и поттикнување на вон наставни активности за децата и младите од Извор. Месецов во училиштниот двор во Горно Врановци ќе се постави фитнес справа за овозможување на наставата по физичко и здравствено образование“ – информираше Мирјана Трајкова, претседател на Организацијата на жени Велес.
Училиштата преку проектните активности имаа можност да постават и канти за селекција на отпад се со цел подигнување на свеста за селекција на отпадот кај најмалите деца. Се очекува и поставување на урбана опрема, клупи во училиштните дворови.
| Tweet |







