речник контакт

Премиера на МДПС на претставата „Дома“

Темата е многу актуелна и болна, за напуштените деца од родителите, останати да се грижат сами за себе. Претставата е финансиски поддржана од годишната програма на Министерството за култура

Петар Печков

Младинското драмско студио „Премиера“ од Велес премиерно ја изведе претставата „Дома“ од руската авторка Људмила  Розоловскаја а во режија на Анита Мирчева.   Изведбата беше во Киноверзум Велес. Настапуваат деца и младинци од средните и основни училишта од градот.

„Темата е многу актуелна и болна, за напуштените деца од родителите, останати да се грижат сами за себе. Деца кои се наоѓаат на премреже како да преживеат, како да опстанат во живот. Дел од нив се бават со незаконски, неморални работи, само за да преживеат, за да ги прехранат другите. Дел од нив покажуваат насилство кон помалите, за да им го одземат тоа што го добиле од питачење.  Некои од децата во претставата го губат животот,  бидејќи тие се оддаваат на пороци, тие не веруваат во животот и во Бог. Претставата, текстот праќа силна порака дека со силна верба во животот во Бог, може да се успее. Праќа уште една силна порака, насилството и пороците влијаат негативно на животот, па дури и го одземаат“ – рече Мирчева. 

Претставата е финансиски поддржана од годишната програма на Министерството за култура. Претставата „Дома“ на 21 мај ќе гостува во Сплит Хрватска, потоа МДПС „Премиера“ гостува во Суботица – Србија со перформансот „Сонце за сите деца“.

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »