Петар Печков
Објавено: среда, 16 декември 2015
Четврток вечер со почеток во 20 ч. на сцената на велешкиот театар македонска премиера ќе има претставата ,,Блесок,, на Скопје танцов театар.
Тоа е современа танцова претстава во три дела, во кореографија на Валентино Апостоловски, Андријана Андреева и Антонело Тудиско, како гостин од. Италија. Како музичка подлога се користат различни теми во трите дела.
Темите се трти различни приказни, првата ,,Кој и да е..,, за човекот и стравот, втората ,,170 степени,, за човекот кој се обидува да го најде своето место „под небото“ и во третата,,Chiaroscuro,, за човекот - уметник. ,,.
Во Блесок,, настапуваат: Валентино Апостоловски, Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, Симона Спировска, Андријана Андреева, Александра Петрушевска, Анастасија Данчевска, Јакуб Мунко, Дејан Битровски, Тринга Хуса.
Tweet |