речник контакт

Препродавач удрил полицаец на пазариште

СВР Велес го потврдува настанот, се расчистуваат причините

Петар Печков

Во вторникот на Градскиот пазар се случил инцидент кога еден од препродавачите удрил полицаец. Ова го тврдат сведоци на настанот при што дури na  службеното лице му потекло и крв од носот. Инцидентот го потврдија и од СВР Велес.

Според нив се случил околу 10,30 часот кога полицаец на службен должност се обидел да му врачи на еден од присутните покана  за разговор во  институциите од државата. Тој одбивал и не сакал  да ја прими, по што го удрил полицаецот по лице и го повредил. Во овој инцидент му помагале и тројца негови другари. Полицијата го истражува случајот по што ќе поднесе соодветни пријави против тепачите кои се во бегство, изјавија од СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »