Петар Печков
Објавено: вторник, 02 декември 2008
Претепани сопственикот на објектот „Олимпик Ас“ Жарко С. (38 год) и сопственикот на кабарето, Ристе Т.( 27 год) полицијата за насилниците поднесе кривични пријави.
Настанот се случил во неделата наутро во 4 часот кога четворицата велешани Игор Н. (29), Мирче П. (29), Ванчо Б. (31) и Александар Д.(27), според полицијата тепачите без повод и причина влегле во кабарето се нафрлиле врз сопственикот Жарко С. Тој од ќотекот се здобил со пукната јаболчна коска на лицето настаната по удар со стол по глава од страна на Мирче П. по што Жарко С. бил пренесен во Болница каде е задржан на лекување поради тешките повреди на главата.
Ристе Т. бил тепан со клоци, тупаници, шишиња и тој се здобил со телесни повреди. СВР Велес против четворицата тепачи поднесе кривична пријава за дело насилство а за двајца од нив Игор Н. и Мирче Т. и кривична пријава за нанесување на тешка телесна повреда.

Tweet |