Петар Печков
Објавено: четврток, 05 мај 2022
Патниците кои претплатно патуваа со патничкиот воз од Скопје за Велес, непланирано наместо 50 минути патуваа дополнителни 90 минути. Или според возениот ред требаше да биде во Велес во 10,05, тој стигнал на пладне околу 12ч.
„На железничка станица Рајко локомотивата не можеше да тргне и чекавме од Драчево друга локомотива. Дали беше расипана или нешто не беше во ред со инсталацијата, железничарите не кажаа, но рекоа дека ќе дојде друга локомотива да не одвезе за Велес“ - вели патничка која била во возот.
Веднаш по пристегнувањето во железничка станица Велес, патничкиот воз се вратил назад за Скопје, според возниот ред од 12.10ч.
Дотраениот возен парк на локомотивите се причина да има случаи патничките возови да доцнат.
Tweet |