речник контакт

Претставата „Ние двајцата и Алојз“ ја воодушеви публиката во Благоевград

Актерката Слободанка Чичевска постави едно од најсилните прашања на вечерта: „Имаме ли право на достоинствена смрт“.

Петар Печков

Вчеравчер велешки театар ја изведе  претставата  „Ние двајца и Алоиз“ на Балканскиот театарски фестивал во Благоевград, Бугарија. Одѕивот на социјалните мрежи е дека  ја воодушевиле публиката. 

По претставата  се одржа дискусија со актерите Слободанка Чичевска, Васил Зафирчев и Филип Христовски, режисерот Дејан Дамјановски и драматургот Сашо Димоски.

Pазговорот се движел за некои од најтешките прашања за човековата помнење, личниот идентитет, човековото достоинството.  И како театарот може да ја раскаже приказната за Алцхајмеровата болест надвор од медицинските факти.

Актерката Слободанка Чичевска ги сподели своите мисли за човечкото достоинство и постави едно од најсилните прашања на вечерта: „Имаме ли право на достоинствена смрт“. 

Премиерата на претставата во велешки театар беше на 9-ти октомври.

фото Драмски театар Никола Вапцаров -Благоевград

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »