Петар Печков
Објавено: среда, 29 јули 2020
За изминатите два дена во Велес казнети 61 лице поради не носење на заштитна маска, соопшти полицијата.
Според портпарол на СВР Велес, Верољуб Додевски, во понеделникот биле констатирани 28 прекршока,во вторникот, вчера 33 .
Овие граѓани не ја почитувале Уредбата на Владата за задолжително носење на заштитни маски.
Казната за непочитувањето е 20 евра во денарска противвредност, или ако се плати во рок од осум дена е 10 евра или 620 денари.
Tweet |