Аница Солева
Објавено: понеделник, 27 март 2006
Барање Прибирање средства за хуманитарна цел Малата Димчова Фиданка родена на 21.06.1995год во Струмица спаѓа во категоријата на лица со посебни потреби ( Og.Surditas ) тешко оштетување на слухот и поголемо од 80db, а со самото тоа оштетување и проблеми со говорот. Учи во ОУ: \"Никола Вапцаров\" Струмица и е 4 одделение. Итно е потребна операција за вградување на кохлеарен имплант ( вештачко уво ) што не се прави во нашата земја и потребно е лекување во странство односно во Загреб, Р.Хрватска. Вкупните трошоци околу операцијата изнесуваат околу 10 000 евра, што за нас се недостапни. Со оваа операција ќе може да слуша и да се вброи со другите нормални деца. Ве молиме излезете во пресрет со нашето барање на што ќе ви бидеме вечно благодарни. Покажете ја вашата хуманост и доброволно прибраните сретства уплатете ги на отворената жиро сметка во Стопанска банка - 200000000019489-0012634698 на име Димчова Фиданка или пак со еден повик на телефонскиот број 070143402 донирајте 100 денари. Со почит и голема благодарност. Од родителите.
Tweet |