Петар Печков
Објавено: петок, 13 октомври 2023
Приватните доктори од Македонија преку нивното Здружение побараа повисока вредност на капитациониот бод, со што ќе можат да имаат и повисоки плати. Ова здружение брои околу илјада и петстотини приватни доктори, матични, доктори од секундарното здравство.
„Го поздравуваме покачувањето на платите на колегите од јавното здравство. Не гледаме причина зошто ние приватните доктори да бидеме различно третирани. За да го следиме чекорот на просечни плати, подигнување и растење, така и ние приватните треба да имаме повисоки плати. Затоа е потребна корекција на капитациониот бод. За да не` планираат во Буџетот за следната година, еве јавно реагираме. И онака парите за октомври ќе ги добиеме во јануари 2024 година. Согласно ММФ имаме инфлација, и ние треба да ги следиме трошоците на животот, да ги покачиме платите на докторите, на сестрите“ - кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни доктори на Македонија.
Последното покачување на капитицијата беше лани есента кога од 63 денари скокна на 75 денари. Со овие средства приватните лекари обезбедуваат плата, но и средства и апарати за работа, лекови, ги плаќаа трошоците за комунални трошоци, за телефонија.
Tweet |