Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 мај 2020
Приватните лекари очекуваат и нивниот труд во справувањето со заразата од ковид-19 да биде вреднуван. Објаснуваат не сакаат награда како лекарите од јавното здравство која им ја доделила Владата, туку редовна исплата на капитацијата. Пред некој ден ја добиле за месец февруари, кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватно лекари на попладневната прес-конференција .
Го поздравуваме одлуката за награда за докторите од Инфективните клиники, инфективните одделенија и докторите од Итната помош,но не заборавајте на нас. Да потсетиме дека товарот од изминатиот период, во справувањето со заштита од ковид-19, го понесоа и матичните доктори. Затоа не бараме награда, бараме еднаква динамика на плаќање со јавно здравство, месец за месец и да се израмниме со колегите од јавното здравство - изјави д-р Чолакова Дервишова.
Почетоците на доцнењето на исплатата на капитацијата, која сега задоцнувала 67 дена, започнала уште со воведувањето на приватното здравство во 1992-та кога се задоцнило пет месеци.
Додаде дека приватните лекари, кои ги имало 1,6 илјади во земјава, сами си купиле опрема за заштита, маски, скафандери и дезинфициенси, се што било потребно за нивна заштита и заштита на пациентите во борбата со ковид-19.
Tweet |