речник контакт

Признанија за крводарителите

За најхуманите луѓе, крводарителите признанија од Црвениот крст

Петар Печков

По повод 17 март денот на крводарителството општинскиот Црвен крст  ги награди најхуманите велешани.  Во знак на благодарност беа доделени признанија за повеќекратно доброволно дарување на крв. 

Нив ги добија дарители за 100, 75 и 50 дарувања како и на  институции и поединци кои допринеле за омасовување на крводарителството. Така за сто дарувања признанија добија Тоше Петрушев и Ангел Кирков, додека за 75 благодарница им се додели на  Бранко Палитов, Михајло Тасевски, Ниуја Абдуловски, Тодорче Дончевски и Бранко Ацков.

За омасовување и унапредување на крводарителството признанија добија ЈП Македонски железници Велес, ОУ Блаже Конески, Населба Градско, Техничко- технолошки факултет и Петре Петрушевски професор по физичко воспитување.

Ланската година во Одделението за трасфузиона медицина во Велес биле собрани 4.070 крвни единици со што планот е исполнет за 219 отсто и со ова Велес е на четврто место во Македонија. Дел од овие единици се собрани во 30 акции каде имало 1.539 дарувања. Лани од вкупниот број дарители 673 биле жени а 543 лица за прв пат дарувале крв. Во ова количество собрани крвни единици се и дарителите од општините Градско и Чашка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »