Петар Печков
Објавено: четврток, 26 декември 2019
Испраќајќи ја 2019-та година, локалната власт ги награди велешаните кои оставија печат на годината која заминува. Моментите, зборовите, надежите кои ги помниме или забораваме се дел од нашиот живот, одбројуваме, анализираме, планираме што посакуваме за годината што доаѓа.
Беа дадени признанија за најдобар работник, хуманист, полицаец, пожарникар. За најдобар работник во локалните претпријатија од градот е прогалсен Никола Јованов, вработен во секторот Комунална хигиена во ЈКП „Дервен“. Јованов кој работи во ЈКП „Дервен“ од 1999 година, во моментов како работоводител во водовод и канализација. Наградата за најдобар пожарникар оди во рацете на Димче Јованов, командир на вод во Територијалната противпожарна единица. За најдобар полицаец по предлог на СВР Велес е прогласен Игор Јовановски, инспектор за прифат, сменоводител во Полициската станица Велес. Хуманист на годината е Ресул Асанов цели 34 години несебично дарува крв. Крводарителството го започна како вработен во фабриката за шински возила ,,Колска,,. На 20 декември годинава, Асанов по 115 пат даруваше крв. Признание за спортски достигнувања доби кајакарот, Љубомир Спасиќ.
Матеј Гелев е гордост на Велес како член на олимпискиот тим составен од шест ученици кои ја преставуваа Македонија на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, која се одржа во Доха, Катар. На оваа Олимпијада, во конкуренција на 409 ученици од 70 земји, Матеј освои бронзен медал што преставува исклучиво високо достигнување за ваков вид на натпревари. Седумнаесет годишната Јелена Илиќ, ученичка во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје чекор по чекор освојува престижни награди во соло пеење ја доби наградата за млад и надежен музичар. Годинава со своите организаторски способности, умешноста за образовен менаџмент, професионалноста и одговорноста се истакна Јованче Манасков, директор на Општинското основно училиште „Блаже Конески кој ја доби наградата за најуспешен менаџер во областа на образованието.
Стипендии на најуспешните студенти кои конкурираа и за девет месеци по две илјади денари добија:Маја Костадиновска, Драгана Кичукова, Виктор Игнов, Ана Трајчева, Сандра Ташковска, Марија Ѓорѓиевска, Изабела Апцева, Борис Димитриевски, Тамара Савевска, Леонид Миланов
Стипендирање како најдобрите средношколци во траење од девет месеци по 1,5 илјади денари добија: Паола Кадиева, Наталија Купенкова, Кристина Кочова, Викторија Јовева, Тамара Коцевска, Благоја Савевски, Христијан Киров.
Годинава наградата за најдобри административни службеници им беше доделена на петмина службеници вработени во Општина Велес: Снежана Дервишова советник и Веса Смилева-соработник во Одделението за изградба и одржување на комуналната инфраструктура, Славица Переска, раководител на Одделението за инспекциски надзор, Билјана Шуркова Манаскова, раководител на Одделение за заштита на животна средина и инспектор со овластување, Пепита Стојковска, советник во Одделението за финансиски прашања - која како резултат на нејзината стручност, таа беше ангажирана од Владата за проценител на штетите предизвикани од неодамнешниот земјотрес во Република Албанија. Ивица Тасевски, самостоен референт во Oдделението за информатичка технологија е млад, амбициозен, одговорен и исполнителен, кој несебично се вложува во исполнувањето на сите обврски. Првото лице што ќе го сретнете во Општина Велес е Тоше Панов. Тој е вистинско олицетворение на љубезност, срдечност, професионалност и посветеност кон секој граѓанин и посетител на општината. Годинава четворица административни службеници слават голем јубилеј- две децении работа во Општина Велес Јовче Митковски- самостоен референт за надоместок за уредување на градежно земјиште - 20 години Снежана Манасиева-самостоен референт даночен книговодител - 20 години Лили Велковска – советник за подготвување на буџет- 20 години и Елизабета Јовчевска – секретар на Општина Велес- 20 години. Градоначалникот Коцевски посебно се осврна на најзината работа и кажа дека таа ја заслужува наградата за најдобар работник , но бидејќи е функционер -секратар на Општината, не може да биде наградена.
Во своето новогодишно обраќање, градоначалникот Аце Коцевски упати јавна благодарност и до поддржувачите, партнерите и донаторите на Општина Велес, од локално, национално и меѓународно ниво.
И покрај критиките за преголемите очекувања на граѓаните, ние како локална власт даваме максимум и да постигнеме максимални ефекти од тоа што ни стои како пари и ресурси на располагање. Секој денар го трошиме наменски и домаќински. Парите не ги даваме за плати на администрацијата туку за проекти за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните - кажа градоначалникот Коцевски. На крајот на сите жители на општината им ги честита новогодишните и Божикни празници.
Tweet |