речник контакт

Прилепчанецот Андоновски со Гран При на Фестивалот на непрофесионален филм

На Фестивалот кој се одржа викендов во велешкиот театар беа прикажани 19 дела

Петар Печков

Гран При највисоката награда на  Државниот фестивал на непрофесионален филм му припадна на Александар Андоновски од Прилеп за краткиот игран филм ,,Свадба.док,, . Приказната за двајца прилепчани кои работат како сниматели на свадби за да живеат и создаваат документарци за своја душа, го освои жирито на фестивалот, кој викендов се одржа  во Велес.  

На  44-тиот Фестивал беа прикажани 44 филма во пет категории: документарен, краток игран, експериментален, анимиран и едноминутен.  

После подолго време имавме богата продукција и најмногу радува што повеќето дела се  од независни, самостојни продуценти. Имаме многу  нови автори, млади луѓе кои знаат што е филм.  Значајно е што има и разноликост на родовите на филмовите, радува што имаме експриментални, анимирани, едноминутни, кои се најтешки за работа.  Ме напрaви радосна што добивме краток анимиран филм, во кој  музиката е специјално работена и пишувана за него, од автор  кој знае што е музика - изјави Илинденка Петрушева филмолог и член на жирито, во кој беа  и Јордан Витанов и Миле Петковски.

Златната плакета  во едноминутен филм ја доби Леон Ристов за ,,Ранливи,, за анимиран филм Ѓуинај Јусуфовски  и Стефани Крстеска за ,,Облеката не го прави човек,, за експериментален филм  на Тина Виторовиќ и Душица Симовска за ,, Тие три збора,, за документарен филм Перо Кованцалиев за филмот ,,Вујче,, и за краток филм ,,Кројачи,, на Тамара Костевска.  

Признание од  Светската асоцијација на непрофесионален филм УНИКА и беше врачено на Мими Ѓоргоска Илиевска  директорка на Кинотеката на Македонија. Организатори на Фестивалот беа Кино сојузот , Народна техника на Македонија и велешкиот театар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »