речник контакт

Прилепчанец осомничен дека во Градско, извршил полов напад врз дете од 13 години

Лицето кое делото го сторило во дворот од семејната куќа на родителите на детето, доби притвор

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 40 години од Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

„Осомничениот на 20 октомври 2020 година околу 20 часот, во дворот од семејната куќа на родителите на оштетеното дете во Градско, врз оштетеното дете кое имало 13 години извршил други полови дејствија“ - информираа од ОЈО Велес.


Осомничениот немал постојано живеалиште и престојувалиште односно престојувал кај свои роднини или пријатели во зависност од местото каде ќе биде повикан да работи, поради што и не се јавувал на поканите за негово испитување, а немал ниту постојано вработување.

Овие околности  укажувале на опасноста од бегство поради што Основното јавно обвинителство Велес до Судија на претходна постапка на Основен суд Велес доставил предлог за определување мерка притвор. Предлогот бил прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »