Петар Печков
Објавено: петок, 05 април 2013
Делница на автопатот Скопје – Гевгелија на влезот од Велес е осветлена. Агенцијата за државни патишта инсталира осветлување, со кое овој дел од автопатот во ноќните часови доби светло. Тоа е на приодот за Велес, кај Штипската клучка. Во должина од 10 км поставени се 110 канделабри, за што од Буџетот на државата се одвоени 16 милиони денари.
Со ова сакаме да се зголеми безбедноста на сообраќајот на овој дел од автопатот. Покрај тоа оваа делница ќе добие нова хоризонтална и вертикална сигнализација . Така возачите сега ќе знаат која лента води кон Струмица, кон Штип, Велес или Скопје за возачите точно да знаат во кој правец како да се движат - изјавија од Агенцијата за државни патиштa
Tweet |