Петар Печков
Објавено: четврток, 14 април 2022
Во пресрет на 15-ти април, денот на Командата за обука и доктрина, која работи во велешката касарна, припадниците не Армијата ја покажаа на дело нивната хуманост.
И годинава традиционално реализираа хуманитарна акција со прехранбени продукти и средства за хигиена наменета за лица од социјален ризик. Хуманитарната акција ја спроведоа питомците од Центарот за обука.
Прехранбените продукти и средствата за хигиена беа подигнати од волонтери на Општинска организација на Црвен крст од Велес. Тие ќе извршат распределба до тие на кои им е најпотребно.
Tweet |