речник контакт

Притвор за двајца полицајци од Демир Капија кои побарале и добиле 50 евра поткуп

Парите ги побарале од Србин кој се враќал од Грција

Петар Печков

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против С.Ф.(27) и Д.Т.(22), полициски службеници во Полициската канцеларија Демир капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп“ соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Татко и син се враќале од Грција, кога сториле сообраќаен прекршок. 

Пријавените во својство на службени лица, со намера да се стекнат со противправна имотна корист за да не извршат службено дејствие кое согласно законот биле должни да го извршат, односно да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок, на 11.10.2018 година на автопатот во близина на Демир Капија, од државјанин на Република Србија побарале и примиле поткуп од 50 евра. Оштетениот откако ги дал парите, се упатил во Полициската станица Неготино, каде го пријавил случајот, по што веднаш, во содејство со јавен обвинител од ОЈО Велес, полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола преземаа мерки и активности за обезбедување докази и документирање на кривично правниот настан. Судија на претходна постапка на осомничените полициски службеници им одреди мерка притвор во траење од 30 дена- рече Ангеловски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »