речник контакт

Притвор за лицето во чиј дом беа пронајдени кокаин и евра

Н.М (42 год) доби кривична пријава „Неовластеното производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанции и прекурсори“

Петар Печков

Велешанецот Н.М (42 год) доби мерка пртивор од 30 дена,  откако доби кривична пријава  „Неовластеното производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанции и прекурсори“  поради постење на можноста да го повтори делото, да влијае на сведоците или побегне.

Јавен обвинител  побрал а судија во претходна постапка при Основен суд Велес  му ја изрекол оваа мерка. За ова лице претходно информираше и СВР Велес и МВР со дејствија што ги имал преземено, околу растурање на дрога.

„На 2 октомври во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42 год) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари“ – соопшти Ана Милевска Ѓоергиева, порптаролка на СВР Велес. 

МВР во текот на вчерашното попладне имаше дополнение за овој настан, што се било откриено во неговиот дом во месноста Потокот.

„При претрес на дом и преглед на лице, одземени се 29 помали кеси со вкупно 15 грама кокаин, 14 грама кафеавкаста материја и околу 5.000 евра“ – информираа од МВР.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »